Бунт во Неапол: Фудбалерите се врат против Конте?

by Стефан
1 минути читање

Италијанските медиуми пренесуваат дека во редовите на Наполи владее незадоволство од методите на работа на Антонио Конте, а тројца фудбалери веќе отворено ја покажале својата фрустрација кон италијанскиот стратег.

Според неколку извори од Италија, Конте ќе мора итно да ја расчисти ситуацијата во соблекувалната, особено по поразот од Болоња (0-2) во неделата. Весникот „Ил Матино“ пишува дека добар дел од играчите не се задоволни од начинот на кој Конте ги води тренинзите, а тоа незадоволство се почувствувало и во нивните изјави и однесување на теренот.

Посебно внимание предизвикаа изјавите на Станислав Лоботка и неговиот менаџер, кои највуваат дека фудбалерот би можел да побара нов клуб во 2026 година, иако подоцна агентот ја ублажи својата изјава.

Ноа Ланг, пак, уште во октомври откри дека само еднаш разговарал со Конте откако летоска пристигна во Наполи, додека Кевин де Брујне бурно реагираше на замената во натпреварот против Милан кон крајот на септември.

Конте тогаш одговори дека се надева дека Де Брујне бил лут поради резултатот, а не поради неговите одлуки, додавајќи дека нема да толерира никакви жалби од Белгиецот или од било кој друг фудбалер.

„Газета дело спорт“ пренесува дека и Лоренцо Лука и Замбо Ангиса не се задоволни од ситуацијата во клубот, и тоа од различни причини. Лука оваа сезона има минимална минутажа, едвај 400 минути на теренот, додека Ангиса очекува „повеќе внимание“ од управата, особено во разговорите за продолжување на договорот што важи до 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×