Еден од најважните луѓе во поновата историја на Барселона, Матео Алемани од денеска е нов спортски директор на Атлетико Мадрид.
Имено, Алемани во Барселона беше поставен како еден од главните луѓе во револуцијата која ја направи Жоан Лапорта по враќањето во клубот во 2021 година. Алемани пристигнаа со празна каса и долгови од стотина милиони евра, но и покрај тоа во наредните две ипол години оствари важен успех.
Во неговиот прв преоден рок во јануари ги довееде: Обмејанг, Адама Траоре и Феран Тореес, а потоа за летото 2022 го припреми клубот и финансиски до некаде го стабилизираше за еден од најдобрите преодниот рокови. Тогаш пристигнаа: Левандовски,Рафиња, Жил Кунде, Андре Кристенсен и Франк Кеси, сите како слободни фудбалери и Барселона истата сезона ја освои титулата.
Од клубот си замина поради несогласувања во еден момент и во 2023 година на негово место беше поставен Деко.
Сега, тој ќе биде задолжен за трансфер политиката на Атлетико Мадрид каде што пристигнува на местото на Андре Берта кој се пресели во Арсенал.