„Бум“ во Шпанија: Атлетико Мадрид доби нови газди

by Стефан
1 минути читање

Инвестицискиот фонд „Аполо Спортс Капитал“ од денеска официјално е нов сопственик на Атлетико Мадрид.

Преземањето на новите газди го потврди клубот преку социјалните мрежи..

„Атлетико и неговите главни акционер, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент постигнаа договор со Аполо Спортс Каапитал, глобална фирма за спортски инвестиции“, стои во дел од соопштението на „јорганџиите“.

Финансиските детали од договорот не се откриени, меѓутоа според информациите на шпанските медиуми станува збор за сума помеѓу 2.5 и 3 милијарди евра, толку изнесува и пазарната вредност на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×