Бугарската полиција почна да ги апси осомничените за расизам од мечот со Англија

by
1 минути читање

Победа од 6-0 на Англија против Бугарија во Софија беше засенета од расизмот и нацизмот на трибините на стадионот од страна на домашните навивачи.

Натпреварот два пати беше прекинуван поради тоа, се очекува УЕФА ригорозно да ја казни Бугарија поради настаните.

Бугарија почна да превзема конкретни мерки за расчистување на скандалот. Информациите од таму велат дека полицијата уапсила четворица кои се сомничат дека се дел од оние кои упатувале расистички навреди кон англиските фудбалери. Се очекува акцијата да продолжи и бројот на приведени да се зголеми.

Синоќа првиот човек на Бугарската фудбалска федерација, Борислав Михајлов си поднесе оставка откако премиерот Бојко Борисов го побара тоа од него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×