Бугарин ќе му суди на Вардар против Розенборг, а тој не е баш „скромен“ во бројката со опомените! (ФОТО)

by
2 минути читање

По високиот пораз пред своја публика од Зенит (0-5),
Вардарци во четврток гостуваат во Норвешка кај Розенборг, во второто коло од
групата „Л“.

Европската куќа на фудбалот веќе ги одреди делителите на правдата
за претстојните натпревари, а мечот во „Трондхеим“ ќе го суди 31 годишниот
бугарски арбитар Георги Кабаков.

Од тоа што можеме да го забележиме, последниот меч за
Кабаков бил оној помеѓу Евертон и Ружомберок, во квалификациите за Лига Европа,
каде англискиот претставник пред своја публика забележа минимален триумф од 1-0,
на истиот додели само два жолти картони, и двата за гостите.

Статистиката која се заснова на 28 интернационални
натпревари на бугарскиот арбитар, вели дека тој покажал вкупно 145 жолти
картони како опомени, а 10 пати испратил фудбалери предвреме во соблекувалната
покажувајќи им црвени картони.
Тоа значи дека статистички, Бугаринот доделува по
пет опомени на натпревар, што не е баш скромна бројка.

Она што е исто така за идвојување, е фактот што бугарскиот судија не е баш „толерантен“ кон гостински екипи со оглед на тоа што има 19 жолти картони повеќе доделено во однос на домашните екипи.

Извор: worldreferee.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани