Бугарија, Турција, Грција, Словачка… се можни противници на Македонија во следното издание на Лигата на нации

by
1 минути читање

Македонија ја оствари главната цел, пласманот на Европското првенство, но не и таа другата, да се пласираме во Лига Б од Лигата на нации каде што ќе имаме значително поквалитетни ривали.

Но и во Лига Ц следната сезона ќе има некои селекции кои имаат реноме, можеби во моментов не се во форма, но значат во фудбалска Европа.

Северна Ирска, Словачка, Турција и Бугарија се четирите нови репрезентации во Лига Ц, тие испаднаа од Лига Б и се приклучија во нашиот кош.

Во Лига Ц покрај Македонија останаа Грција, Косово, Грузија, Белорусија, Литванија, Луксембург и Азербејџан.

Од Лигата Д во Лигата Ц пласман изборија Фарските Острови и Гибралтар.

Плејоф за опстанок во Лигата Ц ќе играат Кипар, Естонија, Молдавија и Казахстан, две од овие селекции ќе останат во Лига Ц, а две ќе испаднат во Лига Д. (овие мечеви се играат во март)

Од компетитивна гледна точка, неуспех за Македонија е тоа што не изборивме пласман во Лига Б, но останувањето во Лига Ц може да ни биде од корист. Голема е веројатноста дека и преку новата сезона од Лигата на нации ќе може да се стигне до Европско првенство, а патот преку Ц е значително полесен, од Б.

Но пред да почне новата сезона во Лигата на нации, имаме други обврски, учество на Европското првенство и квалификациски натпревари за Светското првенство кое ќе се одржи во Катар 2022.

Фото: ФФМ – Петр Стојановски

Можно е и ова да ти се допаѓа

×