Бугарија му пресуди на Блинд, Холандија бара нов селектор

by
0 минути читање

Холандија веќе не е фудбалска велесила, не играа на Европското првенство во Франција, а најверојатно нема да бидат дел ниту од Светското во Русија.

Синоќа Холандија загуби со 2-0 на гостувањето кај Бугарија и по пет кола има освоено само седум бода со кои е на четвртото место на табелата зад Франција, Шведска и Бугарија.

Таквиот резултат донесе нов тренерска смена во Холандија, Дани Блинд доби отказ.

„Верував дека бевме на вистинската патека. Гостинскиот пораз кај Бугарија беше инцидентен. Штета што заврши вака“ – изјави Блинд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани