Јувентус најмногу
на своја кожа ја почувствува примената на „ВАР“, во првото коло беше досуден
пенал против нив, а на вчерашното гостување кај Џенова, судијата покажа на
белата точка за двете екипи со помош на видео технологијата.
Многумина се
задоволни од „ВАР“ и веруваат дека ќе се намалат грешките, но на Џиџи Буфон не
му се допаѓа новитетот, особено поради начинот на кој се применува.
„Ни беше кажано
дека „ВАР“ ќе се употребува за јасни инциденти каде е направена грешка, но сега
и некој да биде допрен со прст се прегледуваат видео снимките“ – вели легендата
на „Старата Дама“. „Ова повеќе не е фудбал, станува ватерполо“.
„Играм за тим кој
поголемиот дел од натпреварот напаѓа и често е во противничкиот шеснаесетник.
Минатата сезона ни беа доделни три пенали, но ако продолжиме вака, сигурно ќе
добиеме 55 пенали оваа сезона. Како Јувентино, нема ништо против, но тоа не е фудбал, нема убавина и забава во ова“.
„Па можам да
кажам дека не ми се допаѓа „ВАР“ или поточно начинот на кој се применува видео технологијата.
Мислам дека на денешната средба немаше пенал. Секако дека имаше контакт, но не
секој контакт треба да биде пенал“.
Двата пенали кои
беа досудени на Мараси беа сомнителни. Ругани стартуваше на Галабинов, но само
откако напаѓачот на Џенова се врати од офсајд позиција.
Што се однесува
до пеналот на Јувентус, Марио Манџукиќ од едно метро ја погоди раката на противникот
и дефанзивецот на Џенова немаше никаква намера да игра со рака, ниту пак можеше
да ја избегне топката.