Буфон проговори за иднината на Бонучи

by
0 минути читање

Италијанскиот дефанзивец се поврзува со најдобрите англиски екипи, во редот за него се застанати Челси и Манчестер Сити, а претходно интерес имаше и од Јунајтед.

Но, капитенот на Јувентус, Џиџи Буфон верува дека Леонардо Бонучи и следната сезона ќе го носи црно-белиот дрес.

„Имавме фантастична сезона, со исклучок на поразот во финалето од Лигата на шампионите“ – вели Буфон.

„Мислам дека Бонучи има само една желба, а тоа е да остане во Јувентус. Очекувам да го видам во тренинг кампот на почетокот од подготовките“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани