Буфон посочи два натпревари за кои жали и кои би сакал да ги преигра

by
1 минути читање

Запрашан од италијанските медиуми дали има натпревар за кој најмногу жали и би сакал да го преигра, Буфон рече:

„Да, би сакал да ги преиграм Јуве – Реал Мадрид од финалето во Лигата на шампионите од минатата сезона и финалето на ЕВРО 2012 помеѓу Италија и Шпанија. Бидејќи само на овие натпревари ние загубивме без да ги покажеме на теренот квалитетите и карактеристиките на Јуве и Италија“, објаснува Буфон.

Во минатогодишното финале од Лигата на шампионите, Јувентус со 4-1 загуби од Реал Мадрид, италијанскиот тим беше очаен особено во второто полувреме. Во финалето на Европското првенство во 2012 година, Италија со 4-0 беше прегазена од Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани