Буфон открива: Моите деца ги обожаваат Меси и Нејмар, знаат што да одберат!

by
2 минути читање

„Старата Дама“
утре ја пречекува Барселона во првиот натпревар во четвртфиналето од Лигата на
Шампионите.

За Џиџи Буфон нема
сомнеж, најголема опасност доаѓа од популарното „МСН“.

„Не сакам да
покажам непочитување кон другите играчи на Барселона, но кога во форот имате
фудбалери како Нејмар, Меси и Суарез, тешко е да не се фокусирате на нивниот напад
– рече легендата на Јувентус на
денешната прес конференција.

„Секој тренер би
посакал ваков разорен напад на располагање
.

„Тие си помагаат, си асистираат, не се себични, и уживаат во играњето еден покрај друг.

„Тоа ги прави
уште поопасни, не играте против тројца одлични индивидуи, туку против убинствено
трио во кое сите работата за доброто на тимот
.

„Моите деца ги
обожаваат Меси и Нејмар, и мило ми е што е така, тоа значи дека знаат што да одберат и имаа добар вкус
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани