Буфон откри зошто го разменил дресот со Мбапе

by
1 минути читање

Во пресрет на
дуелот помеѓу Монако и Јувентус, беа направени неколку споредби помеѓу Џиџи
Буфон и Килијан Мбапе.

38 годишниот Италијанец, кој
блеска на голот на „Старата Дама“ и оваа сезона, е 20 години постар од тинејџерот
на Монако, кој изминативе месеци ги воодушеви фудбалските љубители со одличните
партии.

Најинтересна беше
компарацијата за тоа дека Џиџи Буфон настапил на Светско Првенство кога Килијан
Мбапе не бил роден.

По крајот на натпреварот, двајцата играчи ги разменија дресовите, а Џиџи
Буфон сега открива зошто се одлучил на еден ваков потег.

„Тоа е знак на
почит
– вели големиот
Џиџи Буфон.

„Кога јас бев
млад, никој не сакаше да го замени дресот со мене и го мразев тоа. Си ветив
дека јас нема да бидам таков фудбалер
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани