Буфон: Ќе имам уште една шанса да ја освојам Лигата на шампионите

by
1 минути читање

39-годишниот Буфон никогаш во кариерата не ја освоил Лигата на шампионите. Синоќа Јувентус го загуби петтото финале по ред, вкупно седум од девет.

„Имам уште една година од мојот договор, па тоа значи дека ќе имам уште една шанса да ја освојам Лигата на шампионите“ – изјави Буфон.

„Иако ќе биде тешко да бидеме подобри од оваа година, бидејќи направивме нешто навистина неверојатно оваа сезона. За жал не во целост“.

Буфон претходно најави дека ќе се пензионира по Светското првенство во Русија 2018 година кога ќе има 40 години. Тоа значи дека следната ќе биде и негова последна сезона во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани