Буфон јасен: Ќе се спакувам и ќе заминам, ако не одиме на СП!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот голман, а сега функционер во Фудбалската федерација на Италија, Џанлуиџи Буфон, најави дека ќе поднесе оставка од својата функција доколку Италија не обезбеди пласман на Светското првенство оваа година.

Италија за точно 20 дена ќе го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Мундијалот. Избраниците на Џенаро Гатузо прво ќе играат во полуфиналето против Северна Ирска, а доколку победат, ќе се сретнат со подобриот од дуелот Босна и Херцеговина – Велс.

„Ако Италија не оди на Светското првенство ќе поднесам оставка. Јас првиот ќе ја преземам одговорноста за сè. Ќе се повлечам ако треба да се најде жртвен јарец. Ќе ги спакувам работите и ќе си одам дома. Дали тоа е проблем? Какво е ова размислување? Ова ме излудува. Никој не се обидува да разбере дали некој е професионалец и дали има вистински вредности, дали е способен“, изјави Буфон за „Месаџеро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×