Буфон: Ја донесов мојата одлука

by
0 минути читање

Договорот на легендарниот голман со Јувентус истекува по крајот на оваа сезона и првичниот план беше тој да се пензионира.

Но се појавија шпекулации дека може да продолжи да брани и следната сезона, но официјална потврда се уште нема.

„Единствено што треба да направам сега е да се фокусирам на финишот од сезоната“, вели Буфон.

„Она што можам да ви кажам е дека сум сигурен и сум многу среќен со тоа што ќе биде мојот избор, заедно со клубот ќе објавиме кога ќе дојде време“.

„Сега е период во сезоната во кој треба да бидеме многу концентрирани“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×