Буфон и на 40 години маестрален, одбрани пенал и го сочува водството на Јуве (ВИДЕО)

by
0 минути читање

„Старата Дама“ е на чекор до финале откако вечерва со 0-1 славеше на гостувањето во Бергамо. Херои на Јувентус се Гонзало Игуаин и Џиџи Буфон.

Аргентинецот со еден одличен соло пробив донесе предност од 0-1 по само 150 секунди игра, а потоа на сцена стапи голманот.

Италијанецот, кој на 28. јануари наполни 40 години, го одбрани пеналот на Папу Гомез. Џиџи Буфон беше на вистината на задачата и во вториот дел и со неколку добри интервенции спречи Аталанта да стигне до изедначување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×