Буфон за прв пат ја добива ФИФА наградата за најдобар голман на годината.
„Голема чест е ова признание да се добие на моите години! Сакам да му се заблагодарам на мојот клуб, мојот тренер и соиграчите, бидејќи без нивна помош ќе беше невозможно. Сакам да им се заблагодарам и на сите кои гласаа за мене“ – изјави Буфон.
Со наградата за најдобар тренер се закити предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
„Ви благодарам на сите, ова е посебно признание за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите мои фудбалери кои ми овозможија да ја добијам наградата“ – изјави Зидан.
Женските награди отидоа во европскиот шампион Холандија. Наградата за најдобар женски тренер ја доби Сарина Вигман, а за најдобра фудбалерка беше прогласена Лиеке Мартенс.
Наградата за Фер плеј му припадна на Франсис Коне.