Џанлуиџи Буфон
вечерва го забележа 117 настап во Лигата на шампионите, но сето тоа
остана јалов обид да се стигне до врвот во тоа натпреварување.
Италијанскиот
голман е втор на листата на фудбалери со најмногу настапи во Лигата на
шампионите, но без освоена титула, зад Ибрахимовиќ (120).
Сепак, Буфон е
големо име во светскиот фудбал, ретко кој нема високо мислење за него, па
истото го мислат и фановите на Реал Мадрид, па тие му оддадоа овации на
легендарниот чувар на мрежата на Јувентус кој немаше среќа да направи сензација
и да го елиминира Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Ова сигурно беше
последниот атак на Буфон кон европската титула, а истиот го заврши со црвен
картон откако протестираше кон Мајкл Оливер за одлуката да се додели пенал на
европскиот првак во самиот финиш од средбата во Мадрид.
