По две години
поминати во Торино, Алваро Мората минатото лето се врати на Сантијаго Бернабеу.
Добрите настапи во дресот на „Бјанконерите“ беа препорка за Реал Мадрид да ја
активира клаузулата со која можеше да го купи напаѓачот за 30 милиони евра.
„На Алваро му
требаа неколку месеци да се прилагоди, но тоа е нормално” – вели Џиџи Буфон.
„Перфектно сфати
како треба да се игра во Италија со оглед на тоа дека Серија А е многу поразлична од
првенството на Шпанија. Исто така, Јувентус игра на поинаков начин во според со
Реал Мадрид“.
„Жал ми е што
Мората се врати во Реал бидејќи загубивме голем талент и тоа во години кога
можеше да му се посвети на тимот на долг рок и да созрее”.
„Ако
останеше, ќе станаше најдобар играч на Јувентус”.
„Судбината го
награди, живтото е таков, доколку работите напорно ќе уживата во задолство”.