Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски по низата од шест порази си замина од клупата на Етникос Ахна.
Ангеловски пристигна во октомври и го водеше тимот на вкупно десет средби во кои оствари само три победи, додека на седум беше поразен.
Заминувањето го потврди самиот Ангеловски со објава на социјалните мрежи.
„Денес остварив состанок на мое барање со претседателот на Етникос Ахна и ја поднесов мојата оставка на позиција главен тренер, а заедно со мене заминува и мојот асистент Милан Илиевски. Победите и поразите се составен дел од фудбалската игра но оставката е чин на морална одговорност. Му благодарам на претседателот за укажаната доверба, на сите вработени, навивачи и фудбалери за соработката. Им посакувам понатамошни успеси во иднина на личен и професионален план“, објави Ангеловски.