157
На денешниот состанок премиерлигашите донесоа одлука да го вратат преодниот по старо, тој да трае до крајот на август.
Минатото лето англиските клубови можеа да купуваат нови играчи до почетокот на новата сезона. Таквиот нивен пример не го следеа останатите првенства.
Англичаните ја увидоа грешката и решија да му се вратат на стариот систем.
Денеска беше потврден и датумот за почетокот на идната сезона, таа ќе стартува на 8 август 2020.