Реал Мадрид настапот во Купот на Шпанија го заврши во четвртфиналето, а сега и нивниот голем ривал е на работ на елиминација. Барселона во Мадрид вчера доживеа тежок пораз од Атлетико Мадрид, а прашањето е дали може да направи чудо во реваншот.
Интересно е што тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, денес на прес-конференција пред натпреварот на неговиот тим за викендот беше прашан да го коментира тешкиот пораз на Барселона, но одговори кратко и јасно:
„Натпреварот на Барселона? Немам што да кажам, прашајте ја Барселона и Флик“, одговори иронично Арбелоа.
Ваквиот одговор има позадина. Ќе потсетиме, pред натпреварот со Атлетико, тренерот на Барса, Ханси Флик, беше прашан дали Барселона уживала во релативно лесниот пат во Купот бидејќи пред дуелот со Атлетико го исфрли второлигашот Албасете, тим од кој Реал беше сензационално елиминиран во четвртфиналето.
„Прашајте го Реал Мадрид дали е лесно да се игра против второлигаш“, тогаш искоментира Флик.
Сега изгледа како Арбеало да сакаше веднаш да возврати…