Од Тотнем соопштија дека првата ѕвезда на таа екипа,
напаѓачот Хари Кејн ќе паузира до април, иако претходно се предвидуваше дека
англискиот репрезентативец ќе отсуствува од терените шест седмици.
Сево ова доаѓа по повредата на Кејн на мечот против
Саутемптон на првиот ден во новата година, па така ќе биде подлежен на
оперативен зафат за да санира скината тетива, во задната ложа од левата нога.
Сосема очекувано, во Тотнем настана паника по повредата
на Кејн, а причината е добро позната, ако не се смета Сон, кој игра како
поддршка за Кејн веднаш зад него како полушпиц, Тотнем нема замена за 26
годишниот централен напаѓач.
Според известувањата од „Калчомеркато“, се вели дека
првиот напаѓач кој во Тотнем сериозно го разгледуваат како опција е Криштоф
Пјонтек од Милан, 24 годишниот полски интернационалец чија позиција во Милан е
разнишана по доаѓањето на ветеранот Златан Ибрахимовиќ.
Некои медиуми веќе известија дека Тотнем и Милан си подале рака за трансфер вреден близу 33 милиони евра, а Пјонтек ќе стави потпис на три ипол годишен договор, очекувањата се трансферот официјално да се реализира во идните 48 часа.
Tottenham have agreed a £28m deal with AC Milan for Krzysztof Piątek. The Polish striker will sign a 3-and-a-half year contract and complete a medical in the next 48 hours. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/st95n5x4pr
— MSN (@MediaSoccerNet1) January 10, 2020
Во Италија претходно наведоа дека во Милан се подготвени да се
разделат со Пјонтек доколку добијат понуда од околу 35 милиони евра, истата
сума која беше инвестирана во неговиот трансфер од Џенова ланската година.
Астон Вила, Њукасл и Баер Леверкузен се исто
заинтересирани за услугите на Пјонтек, меѓутоа се верува дека тој сака да се
пресели во клуб со речиси идентично ниво како „Росонерите“.
Останатите опции за Тотнем се Пако Алкацер од Борусија
Дортмунд, Аласан Плеа од Борусија Менхенгладбах, како и Дрис Мертенс од Наполи,
чиј договор со италијанскиот вицепрвак истекува на лето.