Брутално го „распарчија“ Луис Диаз: По она што му го направи на Диого Жота, никогаш не би го купил!

by bojan
2 минути читање

Неколку новинари го „распарчија“ Луис Диаз откако Колумбиецот реши да не се појави на погребот на соиграчот Диого Жота, а во исто време да се забавува со јутубери и инфлуенсери.

Минатата недела, светот на фудбалот беше потресен од веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, двајцата загинаа во страшна сообраќајна несреќа.

Погребот беше во саботата, по што на удар на јавноста се најде Луис Диаз, соиграчот од Ливерпул кој не се појави да искаже сочувство и поддршка за семејството, и реши да се забавува со јутубери и инфлуенсери.

Па неколку новинари сега го „распарчија“ напаѓачот и сметаат дека Барселона не треба да го купи Колумбиецот.

„Ќе бидам изненадена доколку Ливерпул не се раздели со Луис Диаз. Ако не сакаше да се појавиш на погребот, тоа е во ред, но не прави други работи во исто време бидејќи ќе креираш лоша ситуација и штета“ – вели новинарката Ирене Хункера во емисијата „Ла Трибу“.

„Ако тоа му го направи на соиграч, што може да му направи на клубот? Ќе те остави на цедило при првата прилика. Тоа многу зборува за играчот“ – вели Алберто Сантакруз.

„Луис Диаз не е од вчера играч на Ливерпул, заедно делеа соблекувална со години и сега се случува нешто од кое е погоден целиот клуб… Не велам дека мора да присуствува на погребот, но сигурно мора да ги откаже сите други настани“ – е мислењето на Пепе Паскес.

„За мене, овие работи се неприфатливи. Мислам дека човек може да се однесува на многу начини, но постојат работи што ја дефинираат твојата личност и начинот на кој се однесуваш во животот како човек – и тие се многу поважни од тоа како се однесуваш како професионалец“ – вели Рикардо Росети.

„Многу ме разочара инцидентот со Луис Диаз. Секој има право да згреши или да тагува и жали на свој начин. Не велам дека мораше да оди на погребот или да седи дома и да плаче цело време, но барем да избегне фотографирање – тоа изгледаше толку грдо, толку непријатно. Тоа ми кажува многу малку за Луис Диаз како човек. Мислам дека ова го стави во многу лоша позиција“ – е коментарот на Раул Варела.

Се чини дека најкритичен беше Раул Фуентес: „Работата со Луис Диаз е прашање на човечност. Не станува збор само за тоа дали си присуствувал на погребот на Диого Жота – можеби не се можел поради тоа што си бил на друг континент или не си фатил лет. Но да бидеш на забава со јутубери и инфлуенсери во исто време кога се одржува погребот, па тоа не личи на ништо. И покрај тоа што мислам дека е одличен фудбалер, ова за мене е доволно добра причина да не го ангажирам и не би го купил никогаш“.

ФОТО: X/Print screen

Можно е и ова да ти се допаѓа

×