Брутални сцени: Објавена снимка од убиството на фудбалерот во Еквадор (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

На социјалните мрежи се појавија снимки од убиството на Марио Пинеида, 33 годишен лев бек на еквадорскиот клуб Барселона, сцените се брутални.

Светот на фудбалот во средата беше потресен од вестите за убиството на Марио Пинеида, повремен репрезентативец на Еквадор.

Левиот бек на Барселона, заедно со неговата сопруга, беа застрелани пред продавница во Гвајакил, еден од најнасилните градови во земјата.

На социјалните мрежи се појави видео од трагедијата, сцените се брутални. На снимките направени од безбедносните камери на продавницата се гледа како две лица се приближуваат на локалот и во повеќе наврати пукаат кон мажот и жената, и покрај тоа што мажот ги крева рацете во воздух и моли за смиреност.

Други две лица кои исто така беа во локалот, за среќа останаа само преплашени, напаѓачите не им сторија ништо, и се дадоа во бегство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×