Бруно Гимараеш даде гол од корнер, Манчестер Сити на само -2 до Арсенал (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Манчестер Сити рутински со 3-0 го совлада Сандерленд и дојде на два бода до Арсенал, најубавиот потег попладнево во Премиерлигата го имаше Бруно Гимараеш со гол од корнер во победата на Њукасл од 2-1 над Барнли.

Малку фалеше домаќините да беа 100% на петте натпревари во Премиерлигата ова попладне, само мечот помеѓу Борнмут и Челси заврши со 0-0.

Манчестер Сити со 3-0 рутински го совлада Сандерленд на „Етихад“ и дојде на два бода до Арсенал.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Диаш испука проектил од 20 метри и донесе 1-0.

Пет минути подоцна и вториот централен дефанзивец, Гвардиол се запиша во листата на стрелци за 2-0. На средината од второто полувреме, Фоден ги постави конечните 3-0.

Евертон со 3-0 го совлада Нотингем Форест, Тотнем конечно победи и со 2-0 славеше над Брентфорд, а Њукасл со 2-1 го совлада Барнли.

Токму на „Сент Џејмс Парк“ падна најубавиот гол, Бруно Гимараеш погоди директно од корнер.

ФОТО: X/Manchester City

Можно е и ова да ти се допаѓа

×