Бруно Фернандеш: Кога ќе умрам ќе имам време да лежам и да се одмарам!

by riste
0 минути читање

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фенрнадеш со два гола даде голем допринос во победата од 3-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао со која ѓаволите се на чекор до пласман во финалето од Лига Европа.

Фернандеш кој игра постојано, по мечот откри дека тренерот и физиотерапевтот во клубот му рекле дека треба да одмори малку, но тој ги одбил.

„Тренерот и физиото ми рекоа дека треба да се релаксирам и да одморам, но им реков не“, вели Фернандеш.

„Кога ќе умрам, ќе имам многу време за лежење и одмор“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×