Бруно Фернандеш стави потпис на нов договор со Јунајтед и порача: Најдоброто допрва доаѓа!

by bojan
1 минути читање
Фернандеш

Манчестер јунајтед вечерва потврди дека капитенот Бруно Фернандеш ставил потпис на нов договор и се обврзал на нова соработка до 30. јуни 2027 година.

Бруно Фернандеш ова лето во еден момент ја стави под знак прашалник својата иднина на Олд Трафорд, но Манчестер јунајтед не размислува за продажба, му даде нов договор и го направи Португалецот еден од најдобро платените во клубот.

„Сите знаат каква е мојата пасија за Манчестер јунајтед. Разбирам кои се моите одговорности и што значи да се носи овој дрес, нивното на посветеност и желбата за успех која се бара кога ги браните боите на овој клуб“ – рече Бруно Фернандеш откако се обврза кон „ѓаволите“ до до 2027 година.

„Веќе имав многу специјални моменти, слушав како сите на Стретфорд Енд го скандираат моето име, постигнав хет-трик против Лидс, го предводев тимот на Олд Трафорд на натпревари во Европа и подигнав трофеи на Вембли“.

„Но немаше да ставам потпис на нов договор доколку не верував дека допрва доаѓаат најдобрите моменти од мојот престој во Манчестер јунајтед“.

„Во разговорите со лидерите и директорите, јасно до знаење ми беше ставено колку тие се одлучни во намерата да се бориме за големи трофеи. Можам да видам дека иднината е позитивна па со нетрпение чекам да го предводам тимот напред“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани