200
На капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш вчера му беше роденден, а за нас посебно интересно беше едно од сторињата кои ги постираше на својот инстаграм профил.
Португалецот ги постираше честитките од пријателите кои му честитаа роденден преку стори, а на едно осамна како тој во домашна атмосфера си носи дрес од Македонија.
Тоа е дрес кој му е подарок од Стефан Ристовски со кој беа соиграчи во Спортинг Лисабон и останаа добри пријатели. Но, очигледно македонскиот дрес му се допаѓа толку што си го носи по дома.