Бруно Фернандеш вели дека во моментов нема желба да го напушти Олд Трафорд, но порача дека „ѓаволите“ мора да имаат исти амбиции како неговите, а тоа е борба за титулата во Премиерлигата и настап во Лигата на шампиони.
Португалецот неодамна изјави дека по Европското првенство ќе размислува за својата иднина, и ова беше протолкувано како желба на Бруно Фернандеш да го напушти Манчестер јунајтед.
Потоа се пишуваше дека Кристијано Роналдо му наредил на Ал Наср да стори се што може за да му го донесе сонародникот во Ријад.
Фудбалерот од средниот ред сепак инсистира дека во моментов нема намера да ја промени средината, но порача дека Манчестер јунајтед мора да има исти амбиции како неговите.
„Не сакам да заминам, мојот најголем сон беше да истрчам на Олд Трафорд и да играм во Манчестер јунајтед“ – вели Бруно Фернандеш.
„Едноставна сакам моите очекувања да бидат исти со очекувањата на клубот. Секој навивач ќе ви го каже истото. Сакам да се бориме за титула во Премиерлигата, да играме во Лигата на шампионите, да се бориме за трофеи во куповите. Тоа е стандардот, тоа го посакувам тоа сите го посакуваме“.