Бруно Фернандеш: Меч кој ќе го паметам!

by
1 минути читање

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш ги даде двата гола во победата на Португалија над Македонија која им го донесе Мундијалот.

„Ова е меч кој ќе го паметам затоа што отидовме на Светско првенство. Ова беше многу важен натпревар. Без да ги потценувам другите стадиони, но атмосферата на Драгао беше спектакуларна“, вели Бруно Фернандеш.

„Ова беше наш одговор кон критиките кои ги добивавме, ние продолжуваме да ги остваруваме нашите цели и да остваруваме важни резултати за нашата земја и нашиот народ“.

„Најмногу сакам кога Португалија победува. Не сум важен ниту јас, ниту Роналдо, најважна е Португалија. Обично јас му асистирам нему, но овојпат беше обратно“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани