Македонија има
негатива од 0-2 во мечот против Португалија од третото коло во групата „Б“ од
Европското првенство за фудбалери до 21 година.
По почетното водство на Португалија со голот на Едгар Ле во 2. минута, нашиот противник
зголеми на 2-0 со погодокот на Брума во 22. минута.
Bruma Goal HD – FYR Macedonia U21 0-2 Portugal… by riqezi
Како во првиот,
така и во вториот гол, и неколкуте шанси, мошне проблематична се покажува
нашата десна страна каде нашиот противник е мошне опасен во почетната фаза.
По ова, веднаш
реагираше селекторот на Македонија, Благоја Милевски, од игра го извади
офанзивецот Марјан Радески, на негово место влезе Висар Муслиу кој ќе ја засили
одбраната во продолжението од мечот во Гдиња.
Фото-вест:
UEFA U21 EURO (Twitter)