Брселона потврди, Суарез мора на операција

by
1 минути читање

Барселона на
официјалниот клупски сајт потврди дека уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе мора
да биде подложен на операциски зафат, а тоа ќе се случи во текот на утрешниот
ден по повредата на минискусот на десното колено.

Нема дилеми во
тоа дека Уругваецот го очекува подолга пауза од терените, а очекувањата се да
отсуствува најмалку до март, со тоа што ќе пропушти неколку важни меча за
Каталонците, меѓу кои и првата пресметка на гости кај Наполи во првата рунда од
нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Суарез беше во
одлична форма откако на 23 меча сезонава во дресот на Каталонците успеа да
постигне 14 погодоци, од кои 3 во Примера, односно 11 во Лигата на шампионите.
Уругваецот инаку е најдобар асистент во Примера со вкупно седум асистенции
досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×