„Кралевите“ имаа очајна статистика против Арсенал, претрчаа дури 12.7 километри помалку од својот противник, а бројките се дополнително загрижувачки доколку се направи споредба со останатите клубови кои настапија во четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Реал Мадрид има невозможна мисија за пласман во полуифнале откако со 3-0 загуби на гостувањето кај Арсенал, суперкомпјутерот на Опта им дава на „кралевите“ само 4% шанси за следната рунда и нешто над 1% за одбрана на титулата.
Се чини дека избраниците на Карло Анчелолти осебно потфрлија во еден сегмент – залагањето на теренот.
„Кралевите“ претрчаа дури 12.7 километри помалку од Арсенал на „Емирати“, а бројките се дополнително загрижувачки доколку се направи споредба со останатите клубови кои настапија во четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Сите останати 7 клуба претрчаа над 110 километри, најдобриот во оваа статистика, Баерн Минхен има дури 125.6 километри.
Статистика за претрчани километри во првите натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони:
Баерн Минхен 125.6 км
Интер 123 км
Барселона 117 км
Борусија Д. 113.1 км
Арсенал 113.9 км
ПСЖ 111.1 км
Астон Вила 110.9 км
Реал Мадрид 101.2 км