Бројките не лажат: Ова е најголемиот проблем на Реал Мадрид!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид успева да држи чекор со Барселона, но прикажаната игра воопшто не влева оптимизам.

„Кралевите“ со многу мака славеа против Рајо Ваљекано, а победата ја обезбедија дури со гол од пенал во 100. минута од натпреварот.

Со оваа победа, Реал остана во трката со Барселона, која има само бод повеќе. Сепак, податокот кој сериозно ги загрижува навивачите и стручниот штаб на мадридскиот гигант се однесува на бројот на примени голови.

Имено, Реал Мадрид има примено дури 94 гола на 76 одиграни натпревари во сите натпреварувања од почетокот на 2025 година, односно во период од 13 месеци. Во тој временски интервал, само еден клуб има полош учинок во т.н. „лиги на петте најсилни“, Ајнтрахт Франкфурт.

Германскиот тим од почетокот на 2025 година има примено 96 голови, но на дури 21 натпревар помалку од Реал – вкупно 55. Според оваа статистика, Ајнтрахт убедливо е најслабата одбранбена екипа во најсилните пет лиги, што веројатно беше и еден од клучните фактори за назначувањето на Алберт Риера за нов тренер.

Во меѓувреме, претседателот Флорентино Перез веќе донел одлука во летниот преоден рок да ангажира најмалку двајца централни дефанзивци, бидејќи извесно е заминувањето на Давид Алаба и Антонио Ридигер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×