Шведскиот голгетер, Виктор Ѓокереш со големи очекувања пристигна во редовите на Аренал, меѓутоа на дебито во Премиер лигата против Манчестер јунајтед не се прослави.
Во натпреварот од првото коло на „Олд Трафорд“, Ѓокереш помина 50 минути на теренот и комплетно разочара.
За тоа време на теренот Швеѓанецот не успеа да упати ниту еден удар кон голот, имал само четири успешни додаваања од девет обиди, остварил еден дриблинг и освоил два дуели од седум на земја и еден од шест водушни.
Исто така и топката ја изгубил дури 11 пати, па поради тоа неговиот настап беше оценет со „шестка“. Според „Софаскор“, Ѓокереш е најлошо оценетиот фудбалер од сите кои настапиле на „Олд Трафорд“ и од двата тима, вклучувајќи ги и оние кои влегле од клупата за резерви.
Поради големите очекувања кои ги имаа од него поради фантастичната сезона во Спортинг многумина неговото деби го опишаа како едно од најразочарувачките во историјата на Премиер лигата.
Подобри да се претстави во новиот клуб, Ѓокереш ќе има прилика во викендот кој следи кога Арсенал на свој терен ќе го пречека Лидс.