Брно потврди: Еден од најголемите македонски таленти продолжува во Чешка!

by Стефан
1 минути читање

Младиот македонски фудбалер Мартин Ѓоѓиевски (20) ја продолжува кариерата во Чешка. Тој од редовите на Брера Струмица се сели во второлигашот Збројовка Брно и потпиша повеќегодишен договор.

Од Брно информираат дека интерес за него покажале и повеќе европски клубови, меѓу кои полскиот Ракув, кипарскиот Пафос и шкотскиот Данди.

,,Ова е голем чекор за мојата кариера. Чешкиот фудбал е на високо ниво и сакам со Брно да избориме пласман во најсилната лига. Верувам дека ќе бидам среќен во овој клуб и во овој град,“ изјави Ѓорѓиевски по потписот.

Ѓорѓиевски зад своето има има 83 настапи во ПМФЛ и 13 постигнати голa. Исто така е редовен член и на младинските селекции, а веќе запиша и настап за Македонија У21.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×