Пеп Гвардиола
важи за еден од најдобрите мозоци во светот на фудбалот, секој кој тренирал под
негово водство вели дека никогаш претходно не сретнал таков тренер.
Тој со Барселона
постави игра со која доминираше во Европа и ги воодушеви фудбалските љубители,
а сега полека и од Манчестер Сити прави тим кој ќе биде страв и трепет за
останатите.
Шпанецот внимава
на секој детаљ, а тоа најдобро се гледа од едно видео кое се појави на
социјалните мрежи по вчерашната победа над Феенорд, во која единствениот гол
беше дело на Рахим Стерлинг.
Имено на еден од
тренинзите, Пеп Гвардиола на Англичанецот убаво му објаснуваше како треба да го
позиционира телото кога прима топка за да си отвори повеќе простор и да биде
свесен каде се противниците и што се случува на теренот.
Токму ова го
примени вчера Рахим Стерлинг, кога беше проигран од Гундоган, му ја врати топката
на Германецот, истрча до шеснесетникот за двојно додавања, и потоа убаво ја
префрли топката преку голманот за 1-0.
A @GuardiolaTweets effect on @sterling7 goal.
OPEN BODY POSITION!#cityvfey @PepTeamvideo created for educational purposes only
credit: @ChampionsLeague @ManCity pic.twitter.com/7XOjGTzWvb— Mindfootballness (@Mindfootballnes) November 21, 2017