Брилијантен гол на Џејмс, Челси го доби лудилото кое траеше речиси пет часа (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Челси се пласираше во четвртфинале на Светското клупско првенство откако на продолженија славеше со 1-4 против Бенфика во натпревар кој траеше речиси пет часа поради невреме и грмотевици.

Челси закажа пресметка против Палмеирас и „својот“ Естевао, „сините“ на продолженија го добија натпреварот против Бенфика кој почна во саботата во 22 часот по македонско време, а заврши во 02:40 наутро во неделата.

Избраниците на Мареска беа подобар противник и на чекор до победа во регуларниот дел откако Рис Џејмс брилијантно погоди од слободен удар, забележа дека голманот Турбин е излезен и итро биеше на првата статива кога сите очекуваа нафрлување.

Но на четири минути до крајот, Винчиќ го прекина натпреварот поради грмотевици, паузата траеше два часа, а кога продолжи, Мало Густо направи глупост, играше со рака, па Бенфика од пенал изедначи на 1-1 во 95. минута и се спаси.

Но само што почнаа продолжението од 30 минути, младиот Престијани задоцни со еден старт, доби втор жолт картон и црвен, и Бенфика остана со играч помалку.

Челси го искористи ова и со головите на Нкунку, Нето и Друсбери Хол го реши натпреварот во своја корист.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×