Бргу му ги заборавија сите голови: Навивачите на Сити се вртат против најдобриот голгетер на денешницата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пласманот на Манчестер Сити во финалето на Лига куп дојде по победата од 3-1 над Њукасл, но триумфот беше засенет од уште еден скромен настап на Ерлинг Халанд.

Норвешкиот голгетер доби минимална минутажа и повторно не успеа да остави значаен печат, што само ги засили критиките кон него. По силниот почеток на сезоната, Халанд влезе во период без погодоци кој директно се одразува и на играта на актуелниот шампион.

Статистиката е јасна и загрижувачка. Во последните осум натпревари во сите конкуренции постигна само еден гол, а тоа беше доволно дел од навивачите да го насочат својот гнев кон напаѓачот кој до неодамна беше апсолутен миленик на трибините.

По победата над Њукасл, социјалните мрежи беа преплавени со остри коментари и навреди на негова адреса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×