Брест го сопна Леверкузен во меч со контроверзна завршница, без победник и на дуелот Аталанта-Селтик (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Леверкузен

Брест се избори за 1-1 против Баер Леверкузен но гостите се жалеа на судиска неправада и недосуден пенал во финишот, Аталанта џабе шутна преку 20 пати, одигра само 0-0 против Селтик.

Без победник на првите два денешни натпревари во Лигата на шампиони, Брест одигра 1-1 против Баер Леверкузен, а натпреварот помеѓу Аталанта и Селтик заврши со 0-0.

На „Стад де Рудуру“, шампионот на Германија поведе во 24. минута со голот на Вирц, но пред крајот на првиот дел, Лес Мелу закачи волеј од врвот на шеснаeсетникoт и ја затресе мрежата за 1-1.

Натпреварот имаше контроверзна завршница, Хофман беше соборен во казнениот простор, гостите бараа пенал, но судијата не досуди ништо, ниту пак ВАР се огласи.

Во Бергамо, Аталанта доминираше против Селтик, упати дури 22 шута кон противничкиот гол, но не успеа да го совлада Шмајхел и на семафорот остана оној почетниот резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани