Бреша ја зголеми понудата до Балотели

by
1 минути читање

Фламенго му
понуди на Марио Балотели 3 милиони евра годишна плата, а дополнително во истата
понуда ќе има и бонуси, меѓутоа клубот од родното место на напаѓачот, Бреша
веднаш ја зголеми понудата до напаѓачот.

Балотели е
слободен агент на трансфер пазарот откако неговиот договор со Олимпик Марсеј
истече, па така тој е во можност да преговара со сите заинтересирани екипи за
неговиот потпис, секако, најзагреани за неговите услуги се бразилскиот клуб
Фламенго и старо-новиот калчолигаш Бреша.

Повеќе медиуми
пренесоа дека потпретседателот на Фламенго, Маркос Браз, како и извршниот
директор на клубот Бруно Спиндел, како и адвокатот Маркос Мота отпатувале за
Милано од Лисабон денеска за да остварат средба со Мино Рајола, агентот на фудбалерот.

Понудата, како
што се шпекулира, изнесува 3 милиони евра годишна плата, а дополнително и
бонуси базирани на перформансите на фудбалерот.

Во Италија
пишуваат дека Балотели се двоуми околу тоа дали кариерата да ја продолжи во
Бразил, истовремено чека и на понуди од Европа, посебно од Италија, каде
Фиорентина се споменуваше како заинтересирана екипа.

Меѓутоа, „Калчомеркато“
тврди дека Бреша веќе ја зголемила понудата до напаѓачот на дополнителни еден
милион евра, дополнително и неколку бонуси кои се однесуваат на погодоците кои
би ги остварил Балотели, како и настапите во Серија А, односно опстанок во
елитното друштво на Италија, што генерално сумата достигнала до 3 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×