Брера промовира нов напаѓач, доаѓа од Гибралтар

by 24 фудбал
1 минути читање

Брера Струмица го продолжува процесот на јакнење на тимот пред продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а новото име доаѓа во офанзивната линија.

Струмичани официјално го претставија Јан Куаку како нов напаѓач. Станува збор за 26 годишен фудбалер од Малави, кој во клубот пристигнува како слободен играч по разделбата со Еуропа Поинт од Гибралтар на почетокот на јануари. Во тамошниот шампионат Куаку запиша 13 настапи, при што реализираше 2 погодоци и додаде 2 асистенции.

Куаку има богато интернационално искуство, откако фудбалски се развиваше во младинските категории на Хуеска во Шпанија, а подоцна настапуваше и за Б тимот на Ред Стар во Франција. Во продолжение на кариерата играше во Полска, Молдавија, Италија и Шведска, како и во Андора, пред последниот ангажман во Гибралтар.

Ова е уште еден трансфер на Брера во зимскиот преоден рок, откако претходно клубот се засили и со Леонардо Петровиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×