Брера прегазена во Кратово, Силекс во едно полувреме постигна пет гола! (ВИЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Силекс славеа убедлива победа над Брера 5-0 во натпреварот со кој денеска во Кратово беше затворено првото коло.

Oд самиот почеток домаќините беа подобар противник на теренот, но реализација во првите 45 минути немаше. Проблемите за струмичкиот клуб започнаа во 28. минута кога поради еден невнимателен дуел исклучување заработи Никола Величковски за кого ова беше деби дресот на Брера.

И во таква ситуација Силекс не успеа да постигне гол до крајот на првиот дел. Сепак, тоа се промени на стартот од вториот дел кога домашниот состав постигна три гола во десет минути од 47-та минута до 57. минута. Стрелаа Пирес, Ефтимов и Донов.

За 4-0 во 85. минута се погрижи Кристијан Велиновск, за во самата завршница по ударот на Перез топката од еден дефанзивец на Брера да заврши зад грбот на Вргов.

И покрај овие пет постигнати гола, Силекс можеше да постигне и уште некој гол бидејќи трипати кратовчани ја погодуваа пречката од голот на Брера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×