Младиот фудбалер на Брера, Мартин Ѓорѓиевски, се најде во фокусот на полскиот вицешампион Раков, кој веќе испратил официјална понуда до струмичкиот клуб за ангажман на перспективниот фудбалер.
Како што пренесува полскиот портал „meczyki.pl“, понудата на Раков изнесува 150.000 евра, со дополнителни 20% од нареден трансфер. Сепак, раководството на Брера не била задоволно од таа сума и побарало минимум 200.000 евра за еден од најконстантните играчи во своите редови изминатата сезона.
Меѓу можните решенија се разгледува и опцијата Ѓорѓиевски да биде откупен од полскиот клуб, но да остане во Брера уште една година како позајмен фудбалер.
Во минатата сезона во Првата македонска фудбалска лига, 20-годишниот офанзивец одигра 28 натпревари, постигна девет голови и забележа осум асистенции. Покрај тоа, одигра и три натпревари во Купот на Македонија, како и еден за младинската екипа на Брера во Лигата на шампионите, на кој постигна два погодоци.