Силекс може да жали што не победи во Струмица против Брера, кратовскиот тим прокоцка предност од два гола, натпреварот заврши 3-3.
Брера продолжува да бележи изненадувачки добри резултати оваа сезона, тимот за кој се предвидуваше дека сигурно ќе испадне, освојува бодови и против фаворитите.
Силекс поведе во 19. минута со гол од пенал, Мирчевски реализираше за водство од 1-0, но пред крајот на првиот дел Михаилов со удар од далечина израмни на 1-1.
За пет минути игра во вториот дел Силекс даде два гола преку Донов и Пирес и поведе со 3-1. Во тие моменти се чинеше дека момците на Васоски се многу блиску до победа, но Брера не се откажа.
Лука Луковиќ во 63. минута намали на 2-3, а само седум минути подоцна Михаилов со својот втор гол на натпреварот израмни на 3-3, што беше и конечен резултат.
По 12 одиграни кола Силекс е четврто место со 22 бода, Брера е шеста со 16 бода.