Денеска започнува 19. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), го отвараат екипите на Брера и Работнички, тоа е и единствениот денешен натпревар.
Брера добро го почна вториот дел од сезоната, собра четири бода од двата меча и го прескокна Арсими на табелата, сега се на шестата позиција, но треба да продолжат да освојуваат бодови за да обезбедат сигурен опстанок.
Денеска за противник го имаат Работнички и целта им е нова победа со оглед на позицијата на која се наоѓа скопскиот тим.
Работнички досега има освоени само седум бодови, полека се губи надежта дека можат да се спасат од испаѓање, но ако има уште активна сламка за спас, таа е од денешниот меч со Брера. Доколку романтичарите загубат и денеска, речиси сигурно ќе се збогуваат.
Натпреварот меѓу Брера и Работнички почнува од 14 часот.
ПМФЛ 19. коло:
Петок
Брера – Работнички
Сабота
Вардар – Башкими
Пелистер – Струга
Недела
Силекс – Шкендија
Шкупи – Арсими
Понеделник
Македонија ЃП – Тиквеш
Табела: Вардар 48, Шкендија 42, Струга 41, Силекс 35, Башкими 26, Брера 23, Арсими 22, Тиквеш 21, Македонија ЃП 19, Пелистер 19, Работнички 7, Шкупи 1.