Брера го реши Башкими во Куманово (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Со дуелот во Куманово меѓу Башкими и Брера беше отворено 20. коло во ПМФЛ, а во него се радуваа гостите од Струмица кои славеа победа од 2-0.

Натпреварот во првиот дел не понуди премногу возбуда. Играта главно се водеше на средината од теренот, со внимателен пристап од двете страни и малку вистински закани кон двата гола. Сепак, кога се чинеше дека мрежите ќе мируваат до паузата, струмичани зададоа удар. Во 44. минута Зоран Ивановски одлично се снајде по една долга топка, избега на одбраната и рутински го совлада Јашар за водство на Брера.

Во продолжението Башкими тргна поизразено офанзивно. Домаќините ја презедоа контролата, притиснаа и креираа неколку солидни можности за израмнување, но реализацијата изостана. Казната стигна во самиот финиш кога конечниот резултат со својо прв гол за Брера го постави Величковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×