Брера Струмица за пролетниот дел од сезоната ги врати фудбалерите Филип Михаилов и Зоран Ивановски.
„26 годишниот Михаилов е играч за врска во средината и нападот. Тој во својата кариера освен за нашиот клуб има играно и за Беласица, Хоризонт Турново, Осогово Кочани а беше дел и од австриски Маршвалд.
Во есенскиот дел на првенството Михаилов ги бранеше боите на Тиквеш од Кавадарци каде немаше доволна минутажа а забележа 14 првенствени настапи.
Со Михаилов доаѓа и Зоран Ивановски кој игра на крилната позиција. И тој е играч на нашиот клуб а во својата кариера освен за нас има настапувано и за Беласица, Детонит, Брегалница. Своевремно беше член и на младинските фудбалски репрезентации на Македонија.
24 годишниот Ивановски кај нас доаѓа од штипска Брегалница а во својата кариера има голем број прволигашки првенствени настапи“, стои во соопштението на Брера.