Фудбалерите на Брентфорд се радуваа на победа на гостувањето кај Лестер Сити на „Кинг Пауер“ со убедливи 0-4 (0-3).
Гостите отворија одлично и уште во 17. минута Јоан Виса донесе предност (0-1). Веќе до полувремето Брентфорд постигна уште два гола, погодуваа Брајан Мбеумо и Кристијан Норгард.
Вториот дел беше рутина за Брентфорд, а точка на победата стави Фабио Карваљо во 89. минута.
Со оваа победа Брентфорд стигна до 37 бода, додека Лестер има само 17 на претпоследната позиција.